Травел Тренинг Центар предавачи

Сите предавачи и инструктори во Травел Тренинг Центарот во Скопје, се акредитирани од страна на "IATA Training and Development Insitute" од Монтреал - Канада. Нивната професионална и долгогодишна работа во авионската и патничката индустрија, придонесе токму тоа активното и квалитетно познавање на сопствената професија, успешно да го пренесуваат на помладите и идни колеги. Досегашниот значителен успех, изразен преку високиот процент на успешно едуцирани и сертифицирани кадри во туризмот, самиот го потврдува тоa.
Во Травел тренинг центарот во Скопје, курсевите и обуките според програмата на "IATA Training and Development Insitute", ги реализираат овластените предавачи:
 
  • Светлана Унковска,
  • Величе Арсова и
  • Ана Крстевска Каламадевска.
Во Травел Тренинг Центарот во Скопје, во соработка со регионалната канцеларија на "GDS Galileo Travelport" во Белград, а со овластување од европската дирекција во Лондон - В.Британија, се реализираат и актуелните предавања и обуки за работење со глобалниот дистрибуциски систем на авионската и патничка индустрија "Galileo by Travelport".

Обуката според програмата на "GDS Galileo by Travelport", ја реализира овластениот предавач:

 
  • Ирена Ничевска.