IATA - Интернационалниот институт за обука и развоj (ITDI – IATA Training and Development Institute),е водечки глобален центар кој овозможува обука во авиосообраќајот.
Меѓународно признатите програми, придонесуваат во развојот и продобивките за човековата иднина во авио индустријата. “ITDI” има иновативни, флексибилни и исплатливи решенија за обуки.
Програмите за стекнување на диплома ги опфаќаат сите делови од авио индустријата:
- Услугите на авио навигацијата
- Менаџментот во авиокомпаниите
- Законите и безбедноста во авиосообраќајот и на аеродромите
- Превоз и транспорт на стоки и правила при пренос на опасни материи
- Менаџмент во цивилниот авиопревоз
- Регулативи при полетување и слетување
- Квалитет во извршување на оперативни летови на авиокомпаниите
- Даночни пресметки и контролата на безбедноста во туризмот
Преку овие обуки и тренинзи, Вие ќе се здобиете со знаења и вештини, кои ќе Ви овозможат да работите во индустрија која е во постојан подем и позитивно придонесува да светот стане едно “глобално село”.
Ви се отвара можност да бидете дел од било кој домашен или странски тим, кој работи во областа на туризмот и патувањата, или пак да го продолжите своето школување и усовршување на повисоко ниво.
Сo овој курс се изучуваат основните вештини за продажба во областа на туризмот:
- Географија, превоз, хотели
- Тарифи, електронското издавање на авио билети
- Услуги и односи кон потрошувачите
- Технологија и функционалност на Глобалните Дистрибуциски Системи
Во овој курс се изучува милјажниот систем за пресметување на меѓународни авио итинерери користејќи ги глобалните дистрибуциски системи и нивните команди разбирање,читање и презентирање на приказот на сите тарифи во глобалните дистрибуциски системи разбирање на технологијата и функционалноста на глобалните дистрибуциски системи оспособување за самостојно вршење на услуги за издавање на меѓународни билети користејќи ги стекнатите вештини за конструкција на авио тарифите