IATA/UFTAA Foundation in Travel and Tourism

IATA авторизираниот Тренинг Центар од Скопје, (МК-SAV-2-13-01), за обуки во туризмот и патувањата, во текот на 2013 година доби овластување за одржување  на два курса:
- “IATA / UFTAA  Foundation in Travel and Tourism” 
- “GDS Fares and Ticketing course”  Amadeus/Galileo 


Меѓународно признатите програми, придонесуваат во развојот и продобивките за човековата иднина во авио индустријата. “ITDI” има иновативни,   флексибилни  и исплатливи решенија за обуки. 

Што ќе научите на курсот

Преку овие обуки и тренинзи, Вие ќе се здобиете со знаења и вештини, кои ќе Ви овозможат да работите во индустрија која е во постојан подем и позитивно придонесува  да светот стане едно “глобално село”.
Ви се отвара можност да бидете дел од било кој домашен или странски тим, кој работи во областа на туризмот и патувањата, или пак да го продолжите своето школување и усовршување на повисоко ниво.

1.
Туристичка и патничка индустрија (улога на туристичката индустрија во бизнисот,бизнис активности кои остваруваат добивка,пет основни чекори до успехот,бизнис потреби и комерцијални вештини,видови на вработувања во туристичката индустрија,главни меѓународни регионални и национални туристички и патнички организации.
2.Примена на географијата при планирање на патувањата(разбирање и читање на мапи, кодови на градови,планирање на итинерери за патувања, светски временски зони,светски локални валути и видови  на превоз во светот.
3.Патнички формалности (патнички документи, здравствени и превентивни мерки за патниците, туристички такси, царина и странски валути, патничко осигурување,додатни информации и услуги од патничките агенти.
4.Основи во авиосообраќајот (кодови,терминологија и дефиниции, распоред на летови, авио продукти и услуги  важни за патницитеаеродроми и летови, типови на багажмеѓународни регулативи во авио сообраќајот).
5.Сувоземен транспорт-вовед во железничкиот  сообраќај и транспорт(зoшто треба да користиме возови,разни типови на возови во светот,возенред, патување со воз,користење  интернет, специјални возови за туристи)
6.Сувоземен превоз, изнајмување на возила и кампери (рентакар индустрија-процедури и формалности, помош за Вашите клиенти на патот изнајмување на возила за кампирање)
7. Хотелски услуги ( како да го осознаеш својот пазар,хотелски производи, кодови за хотелски услуги,информации и цени за хотелски соби, резервации,уплати и хотелски услови при  резервирање)
8.Воден сообраќај: траекти и крстарења (историјат и видови на услуги,крстарења-индустрија во развој,видови на крстарења, структура на бродови,бенифиции од користење  на услугите на Cruises – компаниите,продажба на крстарења).
9.Пакет аранжмани (видови на туристички патувања,туристички брошури и калкулации, резервациски и сметководствени процедури и услови за резервации)
10.Услужување на клиент (услужување на клиент во патничката индустрија,комуникација со  клиентите,придобивање на лојалноста на клиентот, работа со специфични клиенти справување со стресни ситуации)
11. Авио тарифи и издавање на билети (патнички авио тарифи, IATA географија и  глобални индикатори видови напатувања,избор на тарифи,правила на валути,специфични итинерери, конструкција на цени,издавање на билети, кредитни картички,такси и наплата на додатни услуги,деца и бебиња патници, специјални и промотивни тарифи,нето и консолидаторски цени,BSP-Billing and Settlement Plan)
 
 

Термини на одржување: Ноември 2018

Цена на обуката: 890 EUR (со уплата во денарска противвредност)

Информации за курсот

Што ќе научите на курсот
Термини на одржување
Цена на обука

Останати курсеви и обуки